• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Единаесет општини ќе потпишат договори за проектот „Јакнење на општинските совети за спроведување на проекти“

Единаесет општини ќе потпишат договори за проектот „Јакнење на општинските совети за спроведување на проекти“

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Единаесет општини денеска ќе потпишат договори за реализација на проекти на Фондот за техничка документација во рамки на проектот „Јакнење на општинските совети за спроведување на проекти“.

Настанот ќе го отвори министерот за локална самоуправа Златко Перински, а обраќања ќе имаат и постојанио претставник на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џеин и директорот за Бирото за регионален развој Даут Мемиши.

Присутни на настанот ќе бидат и градоначалниците на општините – добитници на отворениот повик: Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип.

Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска и Бирото за регионален развој, а партнери во проектот се Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан