• петок, 05 декември 2025

Четврти пораз на македонските кошаркари на јуниорското ЕП

Четврти пораз на македонските кошаркари на јуниорското ЕП

 

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) – Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржи во Литванија, откако денеска во последното коло од групната фаза загуби од Ирска со 56-89.

Со овој пораз, македонските јуниорки останаа на последното место во групата А без освоен бод и ги продолжуваат настапите со натпреварите за пласман од 17 до 21 место на турнирот во Литванија.

Најефикасна во македонските редови денеска беше Колева, која уфрли 24 поени, а додаде и шест асистенции, додека двоцифрен ефект со десет поени забележа и Начевска.

Во рамки на групната фаза, Македонија претходно претрпе убедливи порази од Германија, Романија и Шведска. ег

ФОТО: МКФ

 

Остани поврзан