Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“
- Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“. Конференцијата е поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за Америка.
Скопје, 28 септември 2025 (МИА) - Четврта глобална лидерска конференција „Јас сум жена“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас сум жена“.
Конференцијата е поделена на пет панел-дискусии и тоа: Македонки во рурални средини, Македонки во нетипични професии, Македонки во енергетика, Македонки во светот, Мајките за Македонија и Мајките за Америка.

Ексклузивна гостинка (панелистка) е Кимберли Флечер, претседателка на американската организација „Мајките за Америка“ (mumsforamerica.us.
Конференцијата ќе биде отворена со изложба на рачни изработки од занаетчии, изложба на скулптури, ликовна изложба на портетите од панелистките и информативни штандови. аа/
Фото: ФБ „Јас сум жена“