• сабота, 27 април 2024

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис

Рокфорд, 28 март 2024 (МИА) – Четири лица се убиени, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен маж е уапсен.

Полицијата, исто така, соопшти дека некои од жртвите биле избодени со нож, но во нападот не било употребено огнено оружје, пренесуваaт локалните медиуми.

Убиени се 15-годишно девојче, 63-годишна жена, 49-годишен маж и 22-годишен млад човек.

Шефицата на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека загинале вкупно четири лица, додека еден е тешко повреден.


Четири лица се префрлени во болници, каде состојбата им е стабилизирана.

Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за нападот. јт/

Фото: Скриншот Х

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан