• недела, 03 март 2024

Четворица повредени при пукотница во центарот на Брисел, според полицијата станува збор за криминална пресметка (ДПЛ)

Четворица повредени при пукотница во центарот на Брисел, според полицијата станува збор за криминална пресметка (ДПЛ)

Брисел, 6 декември 2023 (МИА) - Четири лица се повредени вечерва при покотница на авенијата „Тоазон Д’Ор“, една од главните шопинг улици во центарот на Брисел. Според полицијата, најверојатно станува збор за криминална пресметка.

- Добивме пријава за пукотница на „Тоазон Д’Ор“ околу 19:30 часот. Нашите полицајци веднаш излегоа на местото на настанот и го блокираа реонот, изјави портпаролката на бриселската полиција Илсе Ван де Кер, посочувајќи дека до пристигнувањето на полициските службеници, „сторителот или сторителите веќе избегале“.

Според неа, во оваа фаза од истрагата нема индикации дека станува збор за терористички чин, туку најверојатно е инцидент во кој се вклучени „урбани банди“.

И градоначаникот на бриселската општина Иксел, Христос Дулкеридис, кој го посети местото на настанот, изјави дека „се чини оти станува збор за пресметка поврзана со дрога“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според полицскиот билетен, еден од повредените се наоѓа во критична состојба.

Менаџер на ресторан во близина на местото на настанот за весникот „Соар“ изјави дека „дошол човек со пиштол и испукал неколку куршуми“.

Претставник на локалната противпожарна бригада информира дека пукотнициата била регистрирана од безбедносни камери поставени на околните продавници, што веројатно ќе помогне во полициската истрага и пронаоѓањето на сторителот. сп/

Фото: Икс

Остани поврзан