• недела, 22 декември 2024

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи

Рим, 4 Ноември 2024 (МИА) – Четворица планинари загинаа на италијанските Алпи во одделни несреќи што се случија вчера, соопшти планинската служба за спасување.

Несреќите се случиле во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Според информациите, загинатите се тројца мажи и една жена.

Спасувачките екипи распоредија хеликоптери и повеќе тимови во погодените области.

На Рочиамелоне во регионот Пиемонт, еден човек паднал повеќе од 400 метри. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција.

Во областа Трентино, 26-годишен маж загинал кога изгубил рамнотежа и паднал околу 30 метри во провалија, завршувајќи во корито на река.

Во Венето, маж паднал во процеп, а во друг инцидент, жена паднала додека се спуштала со јаже. јт/

Остани поврзан