Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет
- Египетската престолнина Каиро од утре ќе биде домаќин на Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција, на кое ќе настапи четиричлена македонска селекција во состав Пет
![Четворица македонски мечувалци подготвени за СП во Египет](https://mia.mk/images/20221107005842_big_730x400_69.webp )
Скопје, 2 април, 2021 (МИА) – Египетската престолнина Каиро од утре ќе биде домаќин на Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција, на кое ќе настапи четиричлена македонска селекција во состав Петар Србиноски, Јован Величкоски, Никола Николовски и Матеј Александровски.
Македонскиот состав, кој вчера пред заминувањето за Египет беше примен од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, вредно тренираше изминатата година за настап на Мундијалот и покрај сите неприлики и тешки услови предизвикани од светската пандемија.
Светското првенство во мечување во кадетска и јуниорска конкуренција ќе трае до 11 април.ег/ки/