• среда, 25 март 2026

Четворица загинати и 20 повредени во пожарот во зградата на „Телеком Египет“ во Каиро

Четворица загинати и 20 повредени во пожарот во зградата на „Телеком Египет“ во Каиро

Каиро, 8 јули 2025 (МИА) – Четири лица загинаа, а 20 се повредени во вчерашниот пожар што избувна во зградата на „Телеком Египет“ во Каиро, соопштија денеска египетските власти.

Поголем број од повредените вдишале чад и сите се хоспитализирани.

Пожарот што изби во десеткатната зграда на „Телеком Египет“ предизвика прекин на интернетот и мобилната телефонија, а го наруши и воздушниот сообраќај.

Египетскиот министер за комуникации и информатички технологии, Амр Талат утрово изјави дека сите комуникациски услуги ќе бидат целосно обновени во рок од 24 часа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан