• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Честитка од Трајковска за Рамазан Бајрам: Да живееме едни со други, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти

Честитка од Трајковска за Рамазан Бајрам: Да живееме едни со други, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска денеска упати честитка до поглаварот на ИВЗ и до граѓаните од исламска вероисповед по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. 

- Почитуван Реис Ул Улема Шаќир Ефенди Фетаху, почитувани верници од муслиманска вероисповед. Во овие свети денови, кога завршува месецот на пост, молитва и духовно прочистување, дозволете ми Вам лично, од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник - Рамазан Бајрам, наведува Трајковска во честитката.

Таа нагласува дека Рамазан Бајрам е време кога тишината на душата зборува најгласно – за смиреноста, за силата на верата, за потребата да бидеме подобри луѓе.

- Нашата заедничка иднина се темели токму на тие вредности – да живееме едни со други, со отворено срце, со рака подадена во добро, со солидарност и разбирање, особено во тешките моменти. Да го негуваме соживотот кој генерации го негувале пред нас, во кој различностите нè збогатуваат, нè учат на трпение, на грижа и на искрено пријателство. Нека радоста на овој празник допре до секое семејство, до секое дете, до секое срце кое постело, се молело и се надевало. И нека нè потсети дека најголемата добрина е онаа што се прави во тишина, со чисто срце, токму како што вели Светиот Куран:  „Пред сè, натпреварувајте се во добри дела“. Честит Бајрам!, нагласува Трајковска во честитката. мд/дма/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан