• недела, 24 ноември 2024

Честитка од СПМ по повод Илинден

Честитка од СПМ по повод Илинден

Скопје, 2 авуст 2024

Илинден е најголемиот македонски национален празник, кој несомнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Не само заради важните датуми од нашата историја, 2 август 1903 година и започнување на Илинденското востание, а во 1944 година со одржување на Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик претставува трајно бележење на она што го имаме и што го живееме денес, но и она што го посакуваме за во иднина.

Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода и самостојна македонска држава, и на сите кои со своето дело и пожртвуваност трајно се вградиле во овој чин.
Овој светол ден е уште еден повод за благодарност, за тоа што денеска живееме во современа, независна и меѓународно призната држава, но и поттик да продложиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на демократијата и европските вредности.
Длабоко им се поклонуваме на македонските херои, илинденците и борците од Народно ослободителната борба и револуција, и на нивните жртви со кои ги поставија темелите на македонската државност.

Денес Илинден повторно го чествуваме со неизмерното чувство на слобода, демократски извојувана на последните парламентарни избори со волјата на огромното мнозинство на слободарскиот македонски народ и сите граѓани на Македонија.
Непресушната жед за слобода, правдина и правичност се вткаени во македонското битие и се силен мотив за нови достигнувања, крупни промени во македонското општество и развој на Македонија во секој сегмент во периодот што доаѓа. Тоа е и основата за градење на нужното единство и сплотеност на сите македонски граѓани, како дел од борбата за Македонија која никогаш не престанува.
Борбата трае!

Нека ни е честита 121 годишнината од единствено македонското Илинденско востание и 80 годишнината на АСНОМ!
Честит да ни е светлиот и свет Илинден!

Честит да ни е Денот на Републиката!

СПМ

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан