• четврток, 26 март 2026

Честитка од СПМ до архиепископот на МПЦ-ОА по повод Денот на сесловенските просветители

Честитка од СПМ до архиепископот на МПЦ-ОА по повод Денот на сесловенските просветители

Скопје, 24 мај 2025

Ваше блаженство,

Од сè срце Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, љубов и хармонија, исполнети со радост и со среќа што имаме можност да ги ползуваме плодовите на великото дело на Светите  солунски браќа.

На овој возвишен ден со длабока почит се потсетуваме на големината на браќата Светите Кирил и Методиј, се потсетуваме како нивни горди наследници кои го продолживме нивното завештание да вложуваме во сопственото образавание, но и да ја продолжиме нивната света мисија-ширењето на писменоста. Оти заложбите на Светите браќа Кирил и Методиј се воедно и потврда за македонскиот јазик, за македонската литература и култура, македонската црква и традиција, историја и напредок, за безвременското македонско име и семакедонскиот идентитет. Нивното дело за воведување на правото на богослужба на јазикот на различните народи, стана светол пример за многу народи, исцртувајќи ја културната и верската карта на целиот свет, овозможувајќи Сонцето на верското слово подеднакво да свети врз секој народ и да се пишува и чита на неговиот јазик.

Токму Светите браќа Кирил и Методиј несебично ги поставија темелите на писменоста на словенските народи, нивната благородна мисија и денес жива ги обединува преку писменоста, како едно од основните обележја, да ја чуваат сопствената историја, култура и традиција

Но, што треба ние да направиме за јазикот во време на слобода, еднаквост и демократија, во постојната и со големи страдања и жртви стекната држава, но и во време на големи предизвици, време на премрежие и аждаи кои ни го негираат се до неговото ништење и со болно кинење на македонското ткиво?
Затоа што тие си земаат за право да го имаат нашето што сме дозволиле да биде општо добро за сите и тие од нас описменетите се обидуваат да не потчинат и условат. А напредокот и добросостојбата се можни само со споделување на заедничките вредности на кои со наша милост сме се согласиле да ги делиме, со давање и со помагање, а не со алчност, себичност и со грабеж на туѓото.

Потребно е само и едноставно да го чуваме, негуваме и молкум со молитва во себе да го почитуваме, бидејќи со тоа ја вреднуваме нашата култура и традиција, нашата историја и меморија, го воздигнуваме нашето име и идентитет, одавајќи им на тој начин достојна почит за животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј. И само така најубаво чувајќи се самите себеси со единственото и нашето најсвето, нашиот македонски јазик и нашето свето македонско слово, сложни, сплотени и единствени ќе си бидеме свои и наши и како од секогаш поразлични од другите.

Нека ни е честит и вековите денот на браќата македонски и сесловенски учители и просветители, вечен да е споменот на Светите Кирил и Методиј.

Љупчо Димовски

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан