• петок, 22 ноември 2024

Честитка од ПЦЕР по повод 8 Април - Светскиот ден на Ромите

Честитка од ПЦЕР по повод 8 Април - Светскиот ден на Ромите
Скопје, 7 април 2021
Со ова сакам на сите пријатели и на моите браќа Роми ширум светот да им го честитам 8-ми април, а воедно 50 годишнината од одржаниот прв конгрес на Ромите во Лондон 1971 година.
Партијата ПЦЕР на овој конгрес учествуваше со свој преставник а тоа е покојниот прв претседател Фаик Абди, човек кој ја пробуди свеста за политика во Република Северна Македонија. Како поличка партија ПЦЕР ја формиравме првата ромска општина во ЕВРОПА, први почнавме да го прославуваме 8-ми април, го одбележуваме денот на ромската азбука, го одбележуваме Геноцидот на Ромите од Втората светска војна, направивме граматика на ромски во два дела, направивмне ромско-македонски речник, што во минатото го немавме.
Како политичка партија сакаме јавно да се заблогадриме и на ова што ни е дозволено од Владата на Република Северна Македонија да го прославуваме 8-ми април.
На крајот уште еднаш нека е честит 8-ми Април - светскиот ден на Ромите.
БАХТАЛО 8 ТОТО АПРИЛ СУМАРЕСКОРО ДИВЕ Е РОМЕНГОРО.
ПЦЕР
______________________________________________________________________    МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан