• четврток, 14 ноември 2024

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите

Скопје, 8 април 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија.

- Почитувани сограѓани, Ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик на нашето општество и потребно е заеднички да продолжиме да ги следиме европските вредности за еднаквост и за почитување на фундаменталните права на сите граѓани подеднакво.

Со новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 година, имаме план за насочување на политиките на државата со цел заеднички да ги надминеме децениските проблеми.

Учеството на ромската заедница во сите општествени, културни и политички текови е нужно за градење праведно, демократско и мултиетничко општество. Сите ние, а особено носителите на функции, имаме генерациска одговорност да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани подеднакво.

Нека ни е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge!, стои во честитката од претседателот Пендаровски. аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан