• сабота, 22 февруари 2025

Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија Љупчо Димовски упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

-Со особено задоволство ви го честитам големиот празник, Богојавление-Водици, посакувајќи сите заедно да го поминеме во добро здравје, исполнети со радост и среќа. И оваа година повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. А како што се величествени собирите покрај нашите води и како што се полни бреговите со верници така и нашите срца ќе бидат исполнети со вера, надеж и љубов, вели Димовски во честитката.

Богојавление-Водици, додава Димовски, да ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат во годината која штотуку започна и заеднички, мудро и посветено да работиме на обновата и просперитетот на нашата Татковина и благосостојбата на сите наши македонски граѓани.

-Да бидеме грижливи, милосрдни и солидарни и да си даваме поткрепа едни на други, постојано дарувајќи љубов и ширејќи позитивна енергија. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление-Водици! Бог се јави!, вели претседателот на СПМ во честитката. сст/дма/

фото МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан