• вторник, 24 декември 2024

Честитка од Мицкоски по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од Мицкоски по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
28 септември 2022  Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, во мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.Со празнувањето на овој ден и со афирмирање на културата на богатата бошњачка традиција го почитуваме и правото на самоопределување кој е столбот врз кој се темели и нашата татковина.Меѓусебното разбирање, почитување и толеранција се вредности врз кои мораме да ја темелиме државата и општеството, бидејќи сплотени и во заедништво можеме успешно да се справиме со сите предизвици и премрежија кои што се случуваат во државата и да создадеме подобра иднина за сите граѓани.За жал денес речиси сите граѓаните секојдневието го поминуваат во сиромаштија и криза, со прашање како ќе го преживеат месецот и дали ќе можат да ги прехранат своите семејства поради економската и енергетската криза кои власта ги создаде како резултат на неспособност, негрижа и неработење.Но, јас сум длабоко уверен дека промените многу набрзо ќе се случат и овој лош амбиент кој го чувствуваат сите заедници ќе заврши.Преку работа и сплотеност ќе создадеме подобра перспектива и активно ќе работиме за подобрување на условите за живот на сите граѓани.Клучот за успех на Македонија е во развојот и напредокот и мораме заеднички да ја оствариме нашата мисија за посреќни граѓани и просперитетна држава.Нека Ви е честити Меѓународниот ден на БошњацитеСо почит,Проф. д-р  Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан