Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод духовниот и национален празник Свети Сава. - Со длабока почит и искрени честитки на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод духовниот и национален празник Свети Сава.
- Со длабока почит и искрени честитки на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност - напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Мицкоски додава дека наследството на свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.
- Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност, како и за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите и државите - пишува македонскиот премиер по повод празникот Свети Сава. сст/са/
Фото МИА архива