Честитка од министерот Минчев по повод 8 Март
- Министерот за јавна администрација Горан Минчев испрати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Скопје, 8 март 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев испрати честитка по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
-Честит 8 Март! Денес го славиме придонесот, силата и истрајноста на жените во сите сфери на општеството. Вашата посветеност, знаење и труд се темел на успешната јавна администрација и двигател на позитивните промени во нашата заедница. Нека овој ден биде потсетник за важноста на еднаквоста, почитта и можностите за секоја жена. Ви посакувам успех, среќа и инспирација во сите аспекти на животот, се вели во честитката од Минчев по повод 8 Март.вј/ев/
Фото: МЈА