• четврток, 26 март 2026

Честитка од министерот Минчев по повод големиот христијански празник Божик

Честитка од министерот Минчев по повод големиот христијански празник Божик

Скопје, 7 јануари 2026 (МИА) - Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод големиот христијански празник Божик упати честитка со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом.

-Нека Христовото раѓање донесе светлина, надеж и љубов, а празничните денови нека бидат поттик за заемна почит, солидарност и заедништво. Со одговорност и посветеност, да продолжиме да градиме јавна администрација која е ефикасна, транспарентна и во служба на граѓаните. Христос се роди! Среќен и благословен Божиќ!, стои во честитката од министерот Минчев. вг/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

Остани поврзан