• среда, 16 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи до Еврејската заедница по повод празникот ПЕСАХ

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи до Еврејската заедница по повод празникот ПЕСАХ

Скопје, 11 април 2025 (МИА) - Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска упати честитка по повод празникот ПЕСАХ до Еврејската заедница во државава.

- Одбележувањето на празникот ПЕСАХ претставува симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ. Симболот на ПЕСАХ претставува симбол на новото раѓање и надеж за еден подобар свет во кој мирот, напредокот и соживотот ќе бидат универзални вредности. Денес, празникот ПЕСАХ е тука да нè потсети дека верата во Бога и духовните вредности се клучни фактори во создавањето на мирот и елиминирање на деструктивноста. Меѓусебното разбирање и цврстата верба во светлата иднина на секој човек се духовната сила која придонесува кон остварување на највисокиот идеал на слободата, пишува во честитката. дма/лв/

Фото: Лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан