Честитка од коалицијата „Вреди“ по повод Денот на независноста на САД
- СООПШТЕНИЕ - По повод 249-годишнината од прогласувањето нанезависноста на Соединетите Американски Држави, ВЛЕН ги изразува своите најтопли честитки до американскиотнарод и институциите на оваа пријателска и сојузничка земја.
Скопје, 4 јули 2025
По повод 249-годишнината од прогласувањето нанезависноста на Соединетите Американски Држави, ВЛЕН ги изразува своите најтопли честитки до американскиотнарод и институциите на оваа пријателска и сојузничка земја.
Пријателството и партнерството со САД претставуваат еден од главните темели на нашата политичка и стратешка ориентација. Длабоко ја цениме историската улога што Соединетите Американски Држави ја одиграа во поддршката на демократските процеси, стабилноста и развојот во нашиот регион.
Горди сме на нашиот силен сојуз и вредностите што гисподелуваме: демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото. Ќе продолжиме да работиме напонатамошно зајакнување на соработката меѓу нашата земјаи САД, како непоколеблива ориентација коневроатлантската иднина.
Нека биде вечно пријателството со САД!
Коалиција „Вреди“
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.