Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Курбан Бајрам
- СООПШТЕНИЕ - ВМРО-ДПМНЕ им го честита Курбан Бајрам на сите припадници на исламската заедница со желби за мир, благосостојба и хармонични односи меѓу луѓето.
Скопје, 6 јуни 2025
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Курбан Бајрам, со желби за добро здравје хармонија и благосостојба.
Празникот Курбан Бајрам е празник на хуманоста и солидарноста, кои како основни принципи не обединуваат и поврзуваат.
Солидарноста и подавањето на рака е израз на човечност.
Македонија има традиција на взаемна толеранција, почит и разбирање, но најважно од се луѓето од различна вера и етничка припадност, да градат инклузивно општество.
Да се издигнеме над проблемите, предизвиците и факторите кои имаат интерес од разединувањето. Безидејноста и неконструктивноста на неколкумина да ги замениме со идеја и сплотеност за заедничка иднина.
Македонија и нејзините граѓани без разлика на нивните различности, неопходно е да бидат сплотени, да си подаваат рака и заеднички да ги надминуваат предизвиците.
Нека е честит празникот Курбан Бајрам!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.