Честитка од вицепремиерот Стоилковиќ по повод Велигден
- Велигден е симбол на нов почеток, надеж, можност и духовна обнова – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, па затоа нека биде поттик да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот повеќе етнички и културен идентитет и да продолжиме да чекориме по патот на мирот и добрината – праведно, чесно и одговорно.

Скопје, 20 април 2025 (МИА) - Потпретседателот во Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ упати честитка по повод Велигден
-Во овие светли денови на големиот христијански празник Велигден дозволете ми до сите граѓани кои го празнуваат Христовото Воскресение да упатам најискрени честитки и желби за добро здравје, љубов и меѓусебно разбирање. Велигден е симбол на нов почеток, надеж, можност и духовна обнова – вредности кои ни се потребни повеќе од кога било, па затоа нека биде поттик да ја искажеме нашата љубов, да ја зајакнеме нашата толеранција, да го зачуваме и негуваме нашиот повеќе етнички и културен идентитет и да продолжиме да чекориме по патот на мирот и добрината – праведно, чесно и одговорно, стои во честитката.
Во духот на солидарноста, заедништвото и почитта, се додава, да продолжиме да ја градиме нашата заедница врз темели на разбирање, човечност и заеднички успех.
-Почитувани сограѓани, посакувам во срцата на сите да завладее празнична радост и со божји благослов да го прославиме Велигден. Нека овој празник донесе благодат, радост, здравје и благосостојба во домовите. Христос воскресе! Навистина воскресе!, се наведува во честитката од вицепремиерот Стоилковиќ. вг/
Фото: МИА Архива