• четврток, 26 март 2026

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски

Скопје, 1 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски ја честита Новата 2026 со порака таа да биде година во која „Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува“.

-Во мое лично име и во име на Уставниот суд, ви посакувам Новата година да ви донесе здравје, мир и благосостојба. Нека 2026 година биде година во која Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува и нè води напред кон просперитетна иднина. Среќна и успешна Нова година, пишува во честитката на Костадиновски. хс/дма/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан