• понеделник, 23 декември 2024

Честитка за Денот на независноста до претседателот Пендаровски од албанскиот колега Мета

Честитка за Денот на независноста до претседателот Пендаровски од албанскиот колега Мета
Тирана, 8 септември 2021 (МИА) - Честитка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, до претседателот Стево Пендаровски упати неговиот албански колега Илир Мета. - По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, дозволете ми, во мое и во име на албанскиот народ, да ви ги пренесам најтоплите и најискрените честитки до Вас и до сите граѓани на вашата пријателска земја. Задоволство ми е високо да го оценам напредокот на многу добрите односи и соработката меѓу нашите земји, која се базира на заедничките визии, интереси и заедничката билатерална, регионална, глобална, европска и евроатлантска перспектива, стои во честитката на Мета. Тој оценува дека пријателството и соработката помеѓу Албанија и Северна Македонија се протега во сите области и е „во  служба на многу добрите соседски односи меѓу двете земји, интересите и иднината на нашите граѓани“. Мета во честитката изразува целосно убедување дека многу големо влијание во зајакнувањето на соработката меѓу две земји одиграло и одигрува „ адресирањето и континуираното подобрување на меѓуетничките односи меѓу Албанците и Македонците“. - Македонската заедница во Албанија и Албанците од Северна Македонија, кои секогаш биле поддржувачи на државотворноста  и интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и Европската унија, се здрави мостови на пријателство и неотуѓиви вредности што мора да се зачуваат, поддржат и промовираат со сета наша позитивна енергија, посочува Мета. Албанскиот претседател на крајот искажува искрени желби за развој и напредок на пријателска Северна Македонија. - Со искрени и најдобри желби до вас, како и понатамошниот развој и напредок на Северна Македонија, ве замолувам, прифатете го, господине Претседател, изразот на моето највисоко почитување, наведува албанскиот претседател Илир Мета во честитката до македонскиот колега Пендаровски,по повод Денот на независноста. вт/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан