• четврток, 26 март 2026

Челзи ќе одржи итен состанок за да разговара за новиот тренер

Челзи ќе одржи итен состанок за да разговара за новиот тренер

Лондон, 3 јануари 2025 (МИА) - Раководството на Челзи планира да одржи итен состанок за да разговара за назначувањето на нов главен тренер, објави „indykaila News“.

Според изворот, постои значително несогласување во клубот околу изборот на нов главен тренер. Претходно, извештаите сугерираа дека главниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, би можел да ја преземе функцијата.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Енцо Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, Лондончани ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство. 

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан