• понеделник, 23 декември 2024

Чај на соларна енергија се спремаше среде Вешје на 17 километри од Неготино 

Чај на соларна енергија се спремаше среде Вешје на 17 километри од Неготино 

Неготино, 22 април 2023 (МИА) - Чај на соларна енергија се спремаше денеска среде селото Вешје, на 17 километри од Неготино, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја.  

Младата апсолвентка на Факултетот за земјоделски науки и храна, Кристина Тодорова, појасни за МИА, дека, ова се дел од таканаречените зелени активности на Здружението на граѓани за заштита на животната средина, „Ековита“, што се спроведуваат во рамките на нивната рурална канцеларија. 

- Целта на одржувањето на настанот, е, сите заинтересирани присутни на самото место да можат да се уверат дека готвењето чај и храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија. Ние, како досега, така и понатаму, имаме бројни вакви еколошки проекти. Овојпат сваривме чај од листови од гинкго дрвце, долговечно и лековито дрво, појасни Тодорова. 

Таа откри дека во понатамошните активности, планираат и такви, за обуки за собирање на лековити растенија чаеви и диви печурки од природата. „Ековита“ досега има спроведено бројни обуки за одгледување на буковка и медицински печурки во домашни услови. свд/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан