• сабота, 18 мај 2024

Чарли Шин не го одобрува профилот на ќерка му на „Онлифанс“

Чарли Шин не го одобрува профилот на ќерка му на „Онлифанс“
Лос Анџелес, 14 јуни 2022 (МИА) - Откако Семи Шин на Инстаграм го промовираше профилот на интернет-платформата за возрасни, „Онлифанс“ вчера, нејзиниот татко Чарли Шин го сподели своето несогласување на изборот на девојката што од неодамна е полнолетна. - Не го одобрувам ова. Но, бидејќи не можам да го спречам тоа, ја повикав да остане елегантна, креативна и да не си го жртвува нејзиниот интегритет, изјави Чарли за „Е!“. Ѕвездата од „Два и пол мажи“, исто така, рече дека профилот на Семи бил создаден додека биле во куќата на неговата поранешна сопруга Дениз Ричардс. - Таа сега има 18 години и живее со нејзината мајка. Ова не се случи под мојот покрив, рече Чарли. Дениз потврди дека Семи сама одлучува за себе. - Семи има 18 години, а оваа одлука не беше заснована на тоа во чија куќа живее. Сѐ што можам како родител е да ја водам и да ѝ верувам на нејзиното расудување, но таа сама избира што ќе прави, рече Дениз. Инаку, во февруари, „Бонд девојката“ призна дека односот со ќерка ѝ не е најдобар и Семи во тоа време живеела со Чарли. Но, потоа, Дениз, која ѝ е мајка и на Лола Шин (17) со Чарли, и на Елоиз (10), се пофали за „неверојатниот“ Ден на мајката, со коментар - „Многу ми значи“.  си/

Остани поврзан