• среда, 20 ноември 2024

Чавушоглу: Турција се надева дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир во Украина

Чавушоглу: Турција се надева дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир во Украина
'- Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и УкраинИстанбул, 27 март 2022 (МИА)а, од утре до среда, ќе доведат до мир во Украина, изјави денеска шефот на турската дипломатија, Мевлут Вуавушоглу. „На иницијатива на турскиот претседател Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и ќе овозможат мир“, напиша Чавушоглу на Твитер, пренесе Тасс. Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор вечерва се договорија за нова директна средба меѓу руската и украинската делегација во Истанбул, соопштија претходно денеска од кабинетот на Ердоган. сд/  

Остани поврзан