• понеделник, 23 декември 2024

Чавушоглу: Статусот на Аја Софија е прашање на националниот суверенитет

Чавушоглу: Статусот на Аја Софија е прашање на националниот суверенитет
Анкара, 12 јуни 2020 (МИА) - Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу синоќа за турската НТВ изјави дека статусот на Аја Софија е прашање на националниот суверенитет. Истанбулската црква од шести век Аја Софија беше пренаменета во џамија, а во 30-тите години од минатиот век во музеј. Аја Софија е на листата на светско наследство на УНЕСКО, а голем број муслимани бараат објектот да биде пренамент во џамија. Во мај во Аја Софија се одржа молитва на годишнината од османлиското освојување во 1453 година на тогашен Константинопол, денешен Истанбул. Некои кругови вон турската нација не можат да се помират со тоа на кого е Аја Софија, па дури и Истанбул, денес 567 години од освојувањето, посочи Чавушоглу. Тој додаде дека „важно е што сака турскиот народ“. За голем број Турци денешниот статус на Аја Софија е симбол на секуларниот Устав на Турција. ми/

Остани поврзан