• недела, 19 мај 2024

Чавушоглу оди во Израел, прва посета по 15 години

Чавушоглу оди во Израел, прва посета по 15 години
Анкара, 22 мај 2022 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу в среда ќе го посети Израел. Ова ќе биде прва посета на турски министер за надворешни работи во Израел во последните 15 години. Веќе некое време двете земји продолжуваат да ги обновуваат своите односи, потсетува Сабах. Чавушоглу неодамна објави дека планира да го посети Израел на 25 мај за да се сретне со израелскиот колега Јаир Лапид. Чавушоглу планира да ги посети и палестинските територии,  ден пред посетата на Израел. Во последните недели Турција и Израел работеа на зајакнување на долгогодишните врски, а енергијата се појавува како потенцијална област за соработка. ссм/

Остани поврзан