• четврток, 21 ноември 2024

Чавушоглу: Нема зголемен прилив на бегалци од Сирија

Чавушоглу: Нема зголемен прилив на бегалци од Сирија

Анкара, 13 февруари 2023 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги отфрли наводите за зголемен прилив на бегалци од Сирија во Турција, нагласувајќи дека некои гранични премини се отворени во еден правец за испраќање хуманитарна помош во Сирија.

„Информациите дека бегалците се повеќе пристигнуваат од Сирија не се точни“, рече Чавушоглу.

Одговарајќи на наводите за голем проток на бегалци во Турција, Чавушоглу нагласи дека контролните пунктови се отворени во една насока за да се обезбеди пристап до хуманитарна помош.

„Во овие тешки денови низ кои минуваме, кога ни е најпотребна солидарност и соработка, многу ни е жал што трошиме енергија за да одговориме на ваквите дезинформации што се шират на социјалните мрежи и преку различни канали“, додаде тој.

Министерот истакна дека иако критикувањето или противењето на владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган е природно, „ширењето лажни информации за да се испровоцира јавноста веројатно не е добронамерен пристап“.

Во исто време, Чавушоглу нагласи дека не може да стане збор за отворање контролни пунктови на териториите во Сирија што се под контрола на курдските бунтовници. Тој објасни дека некои точки на границата со Сирија се отворени за хуманитарна помош на ОН со години, додека други се отворени само во една насока заради испраќање хуманитарна помош.

Шефот на турската дипломатија објави дека до денеска 9.400 странски спасувачи од 77 земји работат во Турција на расчистување на остатоците од урнатините од земјотресот. паг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан