Чави: Мојата позиција во Барселона не е загрозена, имам поддршка од управата
- Тренерот на Барселона Чави одговори на гласините за можен отказ. Тој не чувствува дека неговата позиција е загрозена. Фудбалскиот стручњак изјави дека е среќен и има поддршка од претседателот на клубот.

Барселона, 4 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Барселона Чави одговори на гласините за можен отказ. Тој не чувствува дека неговата позиција е загрозена. Фудбалскиот стручњак изјави дека е среќен и има поддршка од претседателот на клубот.
-Сигурен сум дека оваа сезона ќе биде многу добра. Тимот игра полошо од минатата сезона, па не ги покажуваме очекуваните резултати. Треба да играме поконстантно, изјави Чави за „Marca“.
Барселона е трета во Ла Лига со 34 бодови, четири помалку од лидерот Реал Мадрид. зс/
Фото: ЕПА