Чави за критиките кон Анчелоти: Притисокот во Шпанија е огромен
- Поранешниот тренер на Барселона, Чави, ги нарече прекумерните критики кон тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, неправедни, истакнувајќи дека фудбалот во Шпанија е фокусиран на непосредни резултати, а не на долгорочен развој.
Мадрид, 8 мај 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Барселона, Чави, ги нарече прекумерните критики кон тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, неправедни, истакнувајќи дека фудбалот во Шпанија е фокусиран на непосредни резултати, а не на долгорочен развој.
-Погледнете го Анчелоти - тој освои 30 титули за 10 години, а тие го критикуваат како да не постигнал ништо. Како што забележа Ернесто Валверде: „ако Анчелоти е напаѓан, тогаш што можеме да очекуваме ние останатите?“ Притисокот во Шпанија е огромен, особено во Барселона и Реал Мадрид, вели Чави, цитиран од „Марка“.
Реал Мадрид ќе даде изјава во врска со иднината на Анчелоти по натпреварот со Барселона. Натпреварот од 35-то коло на Ла Лига ќе се одржи на 11 мај. дс
Фото: Архива