• петок, 05 декември 2025

ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари

ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари

Скопје, 11 септември 2025 (МИА) - До 18:00 часот ставен е под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, општина Студеничани, а изгаснати се 10 пожари на територија на цела држава, иформира Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Изгаснати се пожарите во Струга, кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума) и во Елен Камен (ниска вегетација), во село Никуштак, општина Липково, во скопското село Булачани, општина Гази Баба, во село Страхојадица, општина Зелениково. 

ЦУК соопшти дека изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Крушево, Делчево, Босилово и во оштина Ново Село. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан