• четврток, 26 март 2026

ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат

ЦУК: Пет активни пожари, еден изгаснат

Скопје, 5 септември 2025 (МИА) - Се уште е активен пожарот во депонијата Вардариште во општина Гази Баба, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку  активни пожари: во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово.   

Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар). мд/са/
 

Фото: МИА 

 

Остани поврзан