• петок, 21 јуни 2024

ЦУК: Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

ЦУК: Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Скопје, 14 јули 2024 (МИА) - Ослободено е мече, кое било заглавено во гранки на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Случајот бил пријавен утрово во 7:35 часот на Единствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за упрување со кризи (ЦУК).

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.  

- Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките.  Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, се наведува во соопштението одЦУК. мд/са/

Фото: ЦУК
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан