• недела, 14 април 2024

ЦУК: Изгаснати 21 пожар на отворено во последното деноноќие, активен еден пожар во Прилепско

ЦУК: Изгаснати 21 пожар на отворено во последното деноноќие, активен еден пожар во Прилепско

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера од 16.35 часот гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на село Штавица. ЦУК наведува дека немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.

-Поради големината на пожарот и ноќните часови, на терен е останата една екипа за  следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација, стои во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан