• недела, 22 декември 2024

ЦУК: Денеска 31 пожар на отворен простор, активни се 14, под контрола се три, а 14 се изгаснати

ЦУК: Денеска 31 пожар на отворен простор, активни се 14, под контрола се три, а 14 се изгаснати

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - Во текот на денешниот, до 19:00 часот, се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои во моментов 14 се активни, три се под контрола, а 14 се изгаснати, соопшти вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Активни пожари:

 1. МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен (2Х Унгарија) (50 АРМ, 43 Унгарија, 5 ТППЕ) (борова шума);
 
2. ДЕМИР ХИСАР – ОХРИД: Илинска Планина, с.Витово, Базерник, с.Мали Илино и с.Брежани (2Х, 1 МВР и 1 Србија) (5 ТППЕ, 10 НШ, 10 ЕЛС) (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума);

3. МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Слатина (2 ТППЕ) (нискостеблеста вегетација);

4. ОХРИД: Галичица (2Х – МВР и Србија) (10 НП) (нискостеблеста вегетација);

5. ЧАШКА: с.Папрадиште - с.Ореше (5 ТППЕ, 5 ЕЛС);

6. ПЕТРОВЕЦ: с.Градманци (6 БППЗ, 2 ЈП НШ) (ниска вегетација);

7. СТУДЕНИЧАНИ 1: с.Драчевица – с.Црвена Вода (4 ЈП НШ) (мешана ниска и висока вегетација);

8. СТУДЕНИЧАНИ 2: с.Драчевица (2 ЈП НШ) (мешана вегетација);

9. СТУДЕНИЧАНИ 3: с.Долно Количани – с.Горно Количани (5 БППЗ, 2 ЈП НШ);

10. ЧУЧЕР САНДЕВО: с.Средно Блаце (3 БППЗ, 2 ЈП НШ) (мешана вегетација);

11. ГЕВГЕЛИЈА: с.Негорци (13 ТППЕ) (нискостеблеста шума);

12. РАДОВИШ: с.Подареш – с.Калуѓерица (9 ТППЕ) (стрништа);

13. ЛИПКОВО: с.Матејче (5 ЈП НШ) (дабова шума);

14. КОЧАНИ: м.в.Панаѓур, кај одмаралиштата на Пониква (3 ТППЕ, 4 ЈП НШ) (букова шума);  

 Под контрола: 

1. ДОЈРАН и БОГДАНЦИ : с.Фурка кон Богданци (2Х АРМ, 2 ЕТ ДЗС) (3 ДПД, 20 НШ, 10 ДЗС, 30 АРМ, 11 ЈП, 6 Мото клуб) (борова шума, ниска шума, прнар, сува трева);

2. ПЛАСНИЦА: с.Пласница – с.Латово (деградирана шума);

3. ДЕЛЧЕВО: Депонија Делчево (1 ЈП) (ѓубриште).

Изгаснати:

1. ЗЕЛЕНИКОВО: с.Вражале (3 ЈП НШ) (нискостеблеста шума);

2. КИСЕЛА ВОДА: Маркова река – пат кон Драчево (3 БППЗ) (ниска вегетација);

3. ЧУЧЕР САНДЕВО: месност Голиево (3 БППЗ) (ниска вегетација и дрвени бандери на ЕВН);

4. ГАЗИ БАБА: с.Раштак (6 БППЗ) (сува трева и дел од куќа);

5. ОХРИД: Косел – Расино – Опеница – Вапила (10 НШ) (ниска вегетација, букова шума);

6. ПРОБИШТИП: с.Зелениград – с.Јамиште (4 ТППЕ) (мешана шума);

7. ВАЛАНДОВО: с.Пирава (депонија);

8. ГОСТИВАР 1: нас.Питарница (3 ТППЕ) (ниска вегетација);

9. ГОСТИВАР 2: Хоум центар (2 ТППЕ) (ниска вегетација);

10. ГОСТИВАР 3: с.Градец (3 ТППЕ) (ниска вегетација);

11. ТЕТОВО: зад Фабрика Федербау (ниска вегетација);

12. ЖЕЛИНО: с.Ларце (10 пожарникари) (ниска вегетација);

13. ТЕАРЦЕ: с.Глоѓи (2 ТППЕ, 3 ЈП НШ и 8 мес.нас) (ниска вегетција, ѓубре, ниви и лозја);

14. ВЕЛЕС: автопат Велес – Скопје, кај база на Македонија Пат (3 ТППЕ) (ниска вегетација). са/

Фото: ЦУК

 

Остани поврзан