• четврток, 04 декември 2025

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, девет активни

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, девет активни

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи во најновиот извештај за состојбата со пожарите информира дека до 21:30 часот регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор од кои девет се активни, а два се локализирани.  

Според информациите од ЦУК, се уште активни се пожарите кај Самоков и меѓу селата Црешнево, Локвица и Слатина, како и пожарите меѓу селата Блаце и Чучер и кај Кучевишка бара, како и пожарот под Солунска глава меѓу изворите на Бабуна и Бабина Дупка. 

Активни се и пожарите кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николиќ, Дојран, селото Крушевица, Кавадаречко и Горна Лешница кај Желино. 

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во Македонски Брод и кај градската депонија во Делчево. бак/вг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан