• среда, 10 јули 2024

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 19 пожари на отворен простор, активни пожари нема,  информираат од Центарот за управување со кризи.

Изгаснати пожари се 19 пожари и тоа:

- Општина Сарај, с.Бојане, месност „Карпалак“ (каде што горела ниска вегетација и нискостеблеста шума);

- Општина Илинден, с, Ајватовци (ниска вегетација);

- Општина Студеничани, с.Моране (ниска вегетација);

- Општина Бутел, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација);

- Општина Чучер Сандево, месност „Качанички Пат“ (ниска вегетација) ;

- Општина Арачиново, с.Стрaчинци (ниска вегетација и стрниште);

- Општина Гази Баба, с.Булачани (ниска вегетација) ;

- Општина Струмица, с.Бориево (ниска вегетација);

- Општина Валандово, с.Брајковци (ниска вегетација);

- Општина Струга, с.Франгово (ниска вегетација);

- Општина Дебар 3 пожари, Брана Шпиле (ниска вегетација), месност „Бомовска Чешма“ (ниска вегетација), месност „Мелничи Мост“ (грмушки);

- Општина Кичево, с.Мидинци (стрниште);

- Општина Македонски Брод, с.Латово месност „Лозја“ (ниска вегетација и дабова шума);

- Општина Куманово 3 пожари, Градскиот Парк - Куманово (ниска вегетација), населба „Карпош“ месност „Рајково Куќа“ (ниска вегетација, стрниште), с.Довезeнце (ниска вегетација и стрниште) и во

- Општина Македонска Каменица, месност „Калуѓерица“ помеѓу Делчево и Македонска Каменица (каде што горела борова и дабова шума).

Пожарникарите во државата, паралелно со интервенциите на пожари на отворено, имале и повеќе интервенции на објекти во населени места, информираат од ЦУК. дма/

 

Фото: ЦУК

 

Тагови

Остани поврзан