• недела, 09 февруари 2025

ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено

ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено

Скопје, 9 февруари 2025 (МИА) - Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало 12 пожари на отворено, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 13:20 до 15:10 часот, интервенирале со 1 пп возило и 3 пожарникари во гасење запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 кај „клучката“ во Хиподром во Општина Гази Баба. Од 15:00 до 15:40 часот пожарникарите гаселе запалена ниска вегетација на површина од 500 m2 во близина на болницата „Санте Плус“, со 1 возило и  2 пожарникари во Општина Ѓорче Петров и од 15:10 до 16:20 часот, гаснеле запалено ѓубре на површина од 10 m2 кај Смилковско Езеро, со 1 возило и  3 пожарникари во Општина Гази Баба, посочуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Струмица информира дека ТППЕ Гевгелија од 17:05 до 18:30 часот интервенирале за гаснење запалена депонија кај раскрсницата „Фурка и Дојран“ со 1пп возило и 2 пожарникари во Општина Дојран.

РЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид од 15:20 до 15:40 часот со 1 пп возило и 3 пожарникари интервенирале за гаснење запалено ѓубре кај градските гробишта. Пожарникарите од ТППЕ Дебар од 14:05 до 15:00 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на периферија на градот. Од ТППЕ Струга од 14:20 до 14:50 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена трска кај хотел „Изгрев“.

РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Пробиштип од 11:00 до 12:50 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Гајранци во Општина Пробиштип. Од ТППЕ Виница од 14:00 до 15:00 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари гаснеле запалено стрниште во атарот на с. Јакимово во Општина Виница.

Од РЦУК Штип соопштуваат дека ТППЕ Кочани во периодот од 16:50 до 18:15 часот со 1 пп возило и 2 пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ниска вегетација во атарите на селата Грдовци и Тркање во Општина Кочани.

РЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово имале две интервенции за гаснење запалена ниска вегетација, прво од 13:00 до 15:00 часот со 1 пп возило и 3 пожарникари кај с. Табановце и од 17:50 до 19:35 часот, со 1 пп возило и 3 пожарникари кај с.Черкезе во Општина Куманово.

ЦУК информира дека во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот имале вкупно 1 747 повици, од кои што „реални“ повици биле 50,72 проценти, а 49,28 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Од вкупниот број на повици, кон Полицијата биле упатени 56,56 проценти, кон Итната медицинска помош 34,40 проценти, а кон пожарникарите 5,25 проценти од реалните повици. Инаку, имале 847 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Инаку, во пресрет на понеделник, Регионалниот ЦУК Скопје информира дека ЈСП Скопје известиле за изменета траса на движење во еден дел на автобусите на линиите 4, 18, 63A, 66, 66A и 118, поради изведување градежни работи на пат.

Потсетуваат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи. фф/вг/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан