• четврток, 04 декември 2025

ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени

ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени

Скопје, 22 август 2025 (МИА) - До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.

Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде гореше мешана шума.

Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и 
во општина Студеничани: села Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума). 

Изгаснати се пожарите и во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), општина Велес: село Клуковец (ниска вегетација), општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија). мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан