• понеделник, 15 јули 2024

ЦУК: Активни девет пожари, изгаснати 17

ЦУК: Активни девет пожари, изгаснати 17

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Активни се девет пожари на отворен простор во земјава, а изгаснати се 17 пожари, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Се уште е активен пожарот на планината Серта, кој се простира на три општини како четири самостојни пожари. Во општина Неготино, во атарот на село Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, во Општина Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ, каде гори нискостеблеста шума - бор, во Општина Штип, на местото викано Патрик, каде гори смрек, дабова шума и мешовита шума и во општина Штип, меѓу селата Драгоево и Селце, на месноста викаба Хаџи Реџепли е зафатена ниска вегетација и грмушки, се наведува во соопштението. 

Активни се пожарите и во Општина Ново Село, над село Бадилен, каде е зафатена борова шума и во Општина Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште, каде е зафатена мешовита шума.

Активни пожари има и во Општина Долнени, во село Црнилиште (нискостеблеста вегетација), кај селата Слепче и Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблеста шума) и во Општина Гевгелија, меѓу селата Негорци и Кованец, каде гори даб, смрека, прнар и сува трева.

Во изминатото деноноќие изгаснати се вкупно 17 пожари. Во околината на Скопје биле изгаснати три пожари, во општина Сарај, кај село Горно Крушопек, во Општина Аеродром, во населбата Долно Лисиче и во Општина Арачиново, во село Арачиново.

Од ЦУК посочуваат дека биле изгаснати пожари и во општините Могила, Битола, Валандово, Кичево, Македонски Брод, Велес, Берово, Македонска Каменица, Кочани,  Виница, Делчево, Куманово и Липково. мд/дма/

Фото: МИА архива 


 
 
 
 
 
 
 

Остани поврзан