• вторник, 10 септември 2024

ЦРЈПР: Голем интерес од компаниите од Југоистокот за грантови за технолошки развој

ЦРЈПР: Голем интерес од компаниите од Југоистокот за грантови за технолошки развој
Струмица, 8 март 2021 (МИА) - Голем е интересот на компаниите од Југоисточниот плански регион за повикот за кофинансирани грантови за технолошки равој за забрзан економски раст од Фондот за иновации и технолошки развој, соопштија од ЦРЈПР - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. -Над 70 компании беа онлајн приклучени на презентацијата, која ја организираа Бизнис центарот од Југоисточниот плански регион и Фондот за иновации и технолошки развој. Тие, по извршената презентација за условите за аплицирање, поставуваа прашања кои беа директно одговорени од страна на претставниците на Фондот и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. За време на презентацијата беа објаснети условите и начинот за аплицирање, целта на поддршката на овој повик, какви трошоци можат да се финансираат, одговорната комисија која ги прегледува и оценува проектите, времетраењето на проектот и слично, стои во соопштението. Од Центарот ги информираат сите заинтересирани компании, кои сакаат да аплицираат на овој повик, дека имат можност да се пријават во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за да искористат бесплатна менторска поддршка со пополнување на апликација. Поддршката која ја нуди Бизнис центарот при Центар за развој на Југоисточниот плански регион за компаниите од Југоисточниот регион е финансирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка преку Ваучерска програма за градење на капацитетите на мали и средни претпријатија. рт/аа/

Остани поврзан