• недела, 22 декември 2024

Црквата во Белгија ќе плати стотици илјади евра за медиумско покривање на посетата на папата Франциск

Црквата во Белгија ќе плати стотици илјади евра за медиумско покривање на посетата на папата Франциск

Брисел, 26 септември 2024 (МИА) – Белгиската црква ќе плати стотици илјади евра за медиумското покривање на посетата на папата Франциск на земјата. Ватикан бара од земјите домаќини да ги снимат сите јавни настапи на папата и снимките да не се наплаќаат.

- Ова е нешто на што Ватикан секогаш инсистира, истакна портпаролот на белгиските бискупи Герт де Керпел.

За снимање е ангажирана белгиска продукциска куќа. Црквата ја плаќа цената, надевајќи се дека ќе ги покрие трошоците со донации, подароци и средства собрани за време на планираната служба. Покрај тоа, црквата мора да плати дополнителни 200.000 евра за наем и вонредни трошоци на стадионот „Крал Бодуен“, каде влезот ќе биде бесплатен за присутните.

Папата Франциск вечерва треба да пристигне во Белгија, а главниот настан ќе биде неделна богослужба на стадионот „Крал Бодуен“, каде се очекува да присуствуваат околу 37.500 луѓе. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан