Црвен крст Кавадарци со низа активности во борба против гладта
- - Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, е активен во кампањата против гладта. Најнапред граѓаните беа информирани за планираните активности, меѓу друг

Кавадарци, 12 ноември 2022 (МИА) - Црвен крст Кавадарци со низа активности е вклучен во борба против гладта, информираа од хуманитарната организација.
- Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, е активен во кампањата против гладта. Најнапред граѓаните беа информирани за планираните активности, меѓу другото и преку пригодните материјали-електронски флаери, што беа искористени за акцијата со училиштата во Кавадарци и Росоман. Шеесет пакети со храна беа обезбедени со поддршка на компанијата Алијанс уан и од финансиски средства собрани од членови од Клубот на млади, кои беа донирани на ученици од социјално загрозени семејства, од седум основни училишта од Кавадарци и Росоман, соопштија од кавадаречкиот Црвен крст.
Волонтерите од Клубот на млади, како што информираат, помогнале во дистрибуцијата на помошта до крајните корисници. свд/лв/