• сабота, 23 ноември 2024

Црвен крст достави 40 тони медицинска помош во Тиграј

Црвен крст достави 40 тони медицинска помош во Тиграј
Адис Абеба, 15 ноември 2022 (МИА) - Во главниот град на етиопискиот регион Тиграј денеска пристигна првата помош со лекови од Црвен крст. Регионот Тиграј е зафатен од војна, а Црвениот крст од август немаше доставено помош. - Системот на здравствена заштита во Тиграј е под екстремен притисок и ова испорака е спас за луѓето на кои им е потребна медицинска помош, изјави шефот на делегацијата на Црвениот крст во Етиопија, Николас фон Аркс. Тој додаде дека во Тиграј се доставени 40 тони „важни медицински артикли, лекови за итни ситуации и хирушка опрема. Воените лидери на Етиопија и Тиграј на 12 ноември потпишаа договор во главниот град на Кенија, Најроби за спроведување на договорот за прекин на огнот неодамна потпишан во Јужна Африка. Договорот ги обврзува двете страни да го олеснат „непречен“ хуманитарен пристап до Тиграј, каде што живеат повеќе од пет милиони луѓе. Доставувањето помош за Тиграј беше многу тешко и често невозможно во изминатите две години. ми/

Остани поврзан