• среда, 25 декември 2024

Црвениот крст на РСМ ги додели признанијата „Златен поддржувач“ и „Сребрен подрджувач˝

Црвениот крст на РСМ ги додели признанијата  „Златен поддржувач“ и „Сребрен подрджувач˝

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Признанија на Црвениот крст „Златен поддржувач“ и „Сребрен подрджувач˝ во знак на благодарност на партнерите за остварената плодна соработка и поддршка, денеска беа доделени на пригоден настан што се одржа во Црвениот крст на РСМ.

На настанот се обратил Саит Саити, генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, кој истакнал дека со поддршка на претпријатијата како општествено одговорни, реализирале бројни активности и општествени иницијативи во интерес на различни целни групи.

- Заедно со партнерите продолжуваме да обезбедуваме релевантна и навремена хуманитарна помош и сме посветени и обврзани да го правиме тоа сега и во иднина. Долгорочна определба на Црвениот крст е остварување на соработка и градење на стратешки партнерства со голем број компании во земјата за заеднички придонес во намалување на ранливоста на населението во заедницата, рекол Саити, соопштија од Црвениот крст на РСМ.

Во знак на благодарност за поддршката која ја обезбедуваат партнери за имплементација на општествено социјални проекти и хуманитарни активности, Црвениот крст доделил признанија „Златен поддржувач“ на НЛБ Банка АД Скопје и Пивара АД Скопје, и „Сребрен поддржувач“ на Везе Шари-Тетово, Пекабеско АД Скопје и LC Waikiki. цр/ац/

Фото: Црвен крст на РСМ

Остани поврзан