Црвена ѕвезда против Лозница во финалето на турнир од Регионалната лига кој се одржува во Скопје
- Во борбата за шампионскиот трофеј на завршниот Ф4 турнир од Регионалната боксерска лига ќе се соочат Црвена ѕвезда и Лозница. Завршниот турнир се одржува во Скопје.

Скопје, 16 јуни 2022 (МИА) – Во борбата за шампионскиот трофеј на завршниот Ф4 турнир од Регионалната боксерска лига ќе се соочат Црвена ѕвезда и Лозница. Завршниот турнир се одржува во Скопје.
- Националната боксерска федерација на Македонија заедно со Српскиот боксерски сојуз овие два дена го направија главниот наш град центар на регионалниот бокс. Екипите на Црвена ѕвезда и Лозница од Србија, вечерва од 20 часот ќе ги вкрстат ракавиците за првиот трофеј во регионалното натпреварување. Меч како што може да се посака меѓу Лозница и Витезови во полуфиналето на Регионалната бокс лига кој го реши последната борба и тоа со поделена одлука. Победи Лозница 12-10 откако Санел Хасановиќ славеше со 3-2 против Јосип Ќориќ во супертешкашката борба со што и ја однесе Лозница во финалето, бидејќи до тој меч резултатот беше 10-10.
Црвена ѕвезда славеше рутинирано против Железничар во второто полуфинале на Регионалната бокс лига 18-4 и обезбеди финале против Лозница, соопштија од БФМ.
Финалето е закажано за вечер во 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје. зс/
