• петок, 22 ноември 2024

Црвена ѕвезда преговара со Швед

Црвена ѕвезда преговара со Швед

Белград, 23 август 2023 (МИА) – Српскиот кошаркарски великан Црвена ѕвезда преговара со рускиот играч Алексеј Швед, објави „Телеграф.рс“.

 

Интерес за поранешниот играч на ЦСКА покажуваат и кинески клубови и уште еден клуб од Евролигата.

 

На почетокот на август, ЦСКА објави дека34-годишниот Швед го напуштил тимот откако му истече договорот.

 

Руските медиуми претходно шпекулираа дека Швед е наклонет кон преселба во кинеската лига и е во преговори со тимот на Шандонг. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан